Дејан Недев избран за генерален секретар на Европската традиционална карате федерација

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев е избран за нов генерален секретар на Европската традиционална карате федетација. Бордот на директори на Европската традиционална карате федерација денеска едногласно одлучи за нов генерален секретар го избере Дејан Недев, што значи дека во иднина седиштето и канцеларијата на ЕТКФ од Милано ќе се префрли и ќе функционира во Скопје, информираат од МТКФ.

Претседател на ЕТКФ останува Владимир Јорга, а за претседател на техничкиот комитет е избран Венцислав Недев.

Исто така на состанокот се одлучи да од 12-14 октомври 2018 година да се одржи Европски шампионат во Белград.

Следната 2019 година МТКФ по втор пат ќе биде организатор на ЕШ за сениори, јуниори и кадети во Скопје.

Се вчитува...