Дејан Недев освои злато на Европскиот Фудокан карате куп во Австрија

Македонскиот каратист Дејан Недев се закити со златен медал на Европскиот Фудокан карате куп „Дунав 2017“ во Виена, Австрија.

Недев освои злато во дисциплината кати, потврдувајќи ја уште еднаш одличната форма во која се натпреварува сезонава.

Македонските каратисти во помладите категории освоија уште шест медали. Иван Трпковски освои три златни медали во дисциплините кати, кихон и кихон-ипон кумите за деца до 10 години. По еден бронзен медал освоија и Ведран Андоновски, Димитри Влахо и Гоце Гроздан во категоријата за деца од 12 до 14 години.

На Европскиот куп учествуваат повеќе од 160 каратисти од 14 земји од Европа.

Се вчитува...