Дембеле почна со лесни тренинзи

Најскапото засилување на Барселона за изминатото лето, Французинот Осман Дембеле, почна со лесни тренинзи во сала, по сериозната повреда на мускулот што ја заработи на 16 септември, во својот прв настап како стартер во дресот на каталонскиот клуб. Иако допрва го очекуваат денови на рехабилитација, тој во комплексот „Хоан Гампер“ почна со лесни вежби и тоа го одбележа на социјалните мрежи.

Дембеле по повредата беше опериран од д-р Сакари Орава во Финска, а рехабилитацискиот процес го минува под супервизија на д-р Ричард Пруна. Се очекува тој на почетокот од јануари да биде максимално подготвен за враќање на фудбалските терени.

Се вчитува...