Демири веднаш во тимот на колото во Украина, веќе по дебито за Мариупол!

Уште со првиот свој настап во дресот на украински Мариупол, Бесир Демири веднаш е избран во тимот на колото во најсилната лига на Украина.

Со стартот на пролетниот дел од шампионатот во Украина, довчерашниот вардаров фудбалер го одигра првиот официјален натпревар за Мариупол на гостувањето против Зирка на кој неговиот тим славеше со убедливи 0-3. Притоа, Демири асистираше и за третиот погодок на Мариупол.

Неговото квалитетно издание влијаеше да биде избран од украинските медиуми во тимот на првото пролетно коло од украинската Прва лига.

„Навистина имав одлично деби кое само можев да го посакам. Силно сум мотивиран да продолжам во ист стил, носен од желбата да му помогнам на Мариупол да ги оствари амбициите за оваа сезона“ – ни изјави Бесир Демири.

Мариупол со оваа победа ја најави битката за третата позиција на табелата која води во квалификациите за Лигата на Европа во следната европска сезона.

Се вчитува...