Дени Илиев приклучен на тренинзите на првиот тим на Арсенал (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев изминативе денови е приклучен на тренинзите на првиот тим на Арсенал во очекување на денешниот натпревар од Лига Купот на Англија против Донкастер.

Илиев, по враќањето од паузата по повредата, на извонреден начин се вклопува и во првиот тим на англискиот гигант, во очекување и на конечната доверба на Арсен Венгер на еден официјален натпревар на Островот.

Според дел од англиските медиуми, Илиев наскоро може да се најде и на клупата на првиот тим на некој од натпреварите од бројните куп пресметки во Англија, иако пред него сега во прв план остануваат настапите во Премиер лигата на тимови во конкуренција до 23 години.

Се вчитува...