Дени Илиев се враќа во А-тимот, и Дарко Велковски на списокот на Ангеловски

Фудбалската репрезентација на Македонија кон крајот на март ќе одигра два пријателски натпревари против Финска (23.март) и против Азербејџан (27.март) во Анталија, а селекторот Игор Ангеловски утре треба да го објави списокот на повикани репрезентативци. На него се наоѓа и Дарко Велковски, дефанзивецот на Вардар кој е префрлен да тренира со младинците откако одби да потпише нов договор со „црвено-црните“, а, интересно, не доби шанса да настапи ниту на мечот со Силекс, на кој шампионот одлучи да настапи токму со младински состав, најавувајќи дека тоа е своевиден бојкот за одлуката на Натпреварувачката комисија на ФФМ, која не ја казни Шкендија за „случајот младинец“.

Како што дознава ЕКИПА, по повредата на Давид Митов Нилсон, покрај Столе Димитриевски, како втор чувар на мрежата е повикан Дени Илиев, членот на Арсенал, кој настапува за составот на „топчиите“ до 23 години. Што се однесува до останатиот дел од националниот тим, не се очекуваат други експерименти.

Нападот ќе го предводат капитенот Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски, Ферхан Хасани, во средниот ред се Енис Барди, Бобан Николов, Аријан Адеми, Езгјан Алиоски, Марјан Радески, во одбраната Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велковски, Кире Ристевски, Кристијан Тошевски…

 

Се вчитува...