Дерби какво што Скопје заслужува (видео)

Работнички и Вардар одиграа фантастичен натпревар што сигурно заслужи далеку поголема посетеност на трибините. Не станува збор само за четирите гола, туку и за темпото што двата тима го диктираа, настојувајќи да стигнат до триумфот.

„Вардарци“ беа за нијанса подобри, како што му доликува на актуелниот првак, два пати имаа водство, но „романтичарите“ предводени од Виктор Треневски уште еднаш покажаа дека се тим што не се предава до последнито судиски свиреж.

Голот на Силјановски по извонредниот продор и центаршут на Херера е само уште еден доказ за упорноста на тимот од Дебар Мало, кој сосема заслужено повторно ќе го претставува мак-фудбалот во европските купови.

На другата страна, Вардар одигра квалитетно, растоварено по освоената титула. „Црвено-црните“ ќе жалат поради доцна примениот гол, но сепак тренерот Седлоски мора да го радува инвентивноста на средниот ред и играта во нападот на неговите избраници кон крајот на оваа сезона.

Се вчитува...