Дерби на стартот – Вардар и Металург го отвораат плеј-офот за титулата

Актуелниот шампион Вардар и вицешампионот Металург ќе играат меѓусебе во првото коло од плеј-офот за шампионската титула што стартува викендов. Според ждрепка што се одржа денеска во РФМ, Металург ќе биде домаќин на првиот дуел на 31 март со почеток во 18 часот во Автокоманда.

Во другите два дуели од првото коло од разигрувањето за титулата, Охрид ќе биде домаќин на Еурофарм Работник, а Пелистер ќе му гостува на Борец.

Според системот на натпреварување, во плеј-офот настапуваат четирите најдобри екипи од регуларниот дел на сезоната во Супер лигата (Охрид, Пелистер, Еурофарм Работник и Борец) и Вардар и Металург кои поради настапот во регионалната СЕХА лига, се вклучуваат директно во завршницата на домашниот шампионат.

И во плеј-аутот за опстанок во суперлигашкото друштво, во првото коло се стретнуваат Вардар јуниор и Металург 2.

Плеј-оф, 1.коло:Охрид – Еурофарм Работник

Борец – Пелистер

Металург – Вардар

Плеј-аут, 1.коло:

Вардар јуниор – Металург 2

Радовиш – Работнички

Прилеп – Пролет

Се вчитува...