Дербито во Марсеј заврши хаотично (видео)

Вчерашното дерби помеѓу Олимпик Марсеј и Олимпик Лион припадна на „лавовите“, откако Мемфис Депај во 90. минута го реши победникот. Играчите на Марсеј исрустрирани што испуштија предност и при тоа го загубија мечот, започнаа расправија по самиот финиш на средбата.

Адил Рами беше фудбалерот кој никако не можеше да се помири со поразот, потпаѓајќи на провокациите реши да се пресмета со дефанзивецот на Лион, Марсело, откако нивната расправија започна за време на натпреварот. Набрзо настана турканица која се случуваше покрај аут линијата, а потоа продолжи и во тунелот, но за среќа немаше поголеми последици.

 

 

 

Се вчитува...