Дерик Роуз потпиша за Минесота

Некогашниот МВП -играч во НБА – лигата, Дерик Роуз, својата кариера ќе ја продолжи во Минесота, со која потпиша договор до крајот на сезоната. Роуз повторно ќе соработува со тренерот Том Тибодо, под чие раководство во Чикаго ја играше најдобрата кошарка во кариерата.

Покрај тренерот, Дерик Роуз повторно ќе се обедини и со Џими Батлер и Таж Гибсон, кои исто така го сочинуваа силниот состав на Чикаго од пред неколку години.

Дерик Роуз оваа сезона ја започна во Кливленд, но многу брзо беше трејдуван во Јута, но „џезерите“ го отпуштија. Сега добива шанса да биде дел од Минесота.

Се вчитува...