Дерик Роуз повторно оди „под нож“

Кошаркарот на Кливленд, Дерик Роуз повторно би можел да биде изложен на хируршка интервенција, овој пат на скочниот зглоб од левата нога.

Роуз во своето прво обраќање до јавноста по враќањето од паузата за која многумина мислеа дека значи крај на кариерата, истакна дека ќе мора повторно да оди „под нож“. Тој поради повреда отсуствуваше неколку недели, а сега ќе мора да почека некое време за да се врати на паркетот.

Првиот пик од драфтот од 2008 година има постојано проблеми со повредите уште од 2012 година кога ги скина предните вкрстени лигаменти во дресот на Чикаго булс. Ова лето стигна во Кливленд за ветерански минимум, иако можеше да потпиша далеку повносен договор.

Се вчитува...