Децата сакаат да спортуваат, да им го овозможиме тоа - Проект „Училишни спортски лиги“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Децата сакаат да спортуваат, да им го овозможиме тоа – Проект „Училишни спортски лиги“

Децата сакаат да спортуваат, да им го овозможиме тоа – Проект „Училишни спортски лиги“

Под покровителство на АМС во текот на изминатата недела низ повеќе градови во Република Македонија започна проектот во организација на ФУСМ – “Училишни спортски лиги”. Планирано е во текот на наредниот период да се реализираат вкупно 95 лиги, а ќе учествуваат 340 екипи од основните и средните училишта од државава, од кои 35 лиги со 140 екипи во футсал, 18 лиги со 58 екипи во ракомет, 23 лиги со 74 екипи во кошарка и 19 лиги со 68 екипи во одбојка.

Федерација на училишен спорт на Македонија (16)
Имајќи го предвид стратешкото значење на училишниот спорт и определбите на Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт за негова поддршка, Федерацијата на училишен спорт на Македонија го изготви овој проект со основна цел да се унапреди училишниот спорт со зголемување на бројот на ученици вклучени во спортските активности и системот на натпревари во учебната 2017/18 г.

Федерација на училишен спорт на Македонија (33)

Овој проект претставува збогатување и унапредување на постоечкиот класичен систем на натпревари преку организирање на зонско–меѓузонски, регионални и државни лиги во повеќе спортови од спортските игри, каде основните и средните училишта, преку нивните училишни спортски клубови ќе се вклучат со поголем број ученици во континуиран тренажен процес и зголемен број на натпревари во лиги организирани на три нивоа во текот на целата учебна година.

Федерација на училишен спорт на Македонија (11)

Имајќи ги предвид податоците за системот училишен спорт во Република Македонија за креирање на спортски политики на училишно, општинско, зонско, регионално, државно и меѓународно ниво, вклучувајќи ги одговорните лица за училишен спорт од образовниот и спортскиот систем, стручниот кадар, условите за континуиран тренинг по спортови, финансирањето, бројот на ученици кои активно тренираат посебно во секој спорт и бројот на ученици вклучени во системот на натпревари, со новниот модел на организирање на училишните спортски лиги очекуваме квалитативно системско зајакнување на училишниот спорт и зголемување на бројот на ученици до околу 40.000 – потенцираше претседателот на Федерацијата за училишен спорт, проф.др. Александар Туфекчиевски.

СТАРТУВАА СЕМИНАРИТЕ И ЗА СУДИСКИОТ ПОДМЛАДОК ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ФУСМ

seminar za sudii (1)

Под покровителство на АМС и координација со ССФМ, ФУСМ во соработка со ФФМ, РФМ, МКФ и ОФМ започна со организирање и на судиски семинари. Овие семинари се за обука на судиски помладок кој е примарно за потребите на училишниот спорт во рамките на проектот “Училишни спортски лиги”, а и за натамошно вклучување во судиските организации на наведените национални спортски федерации.

Изминатата недела се одржа и првиот семинар за футсал, на кој свои излагања имаа еминентни стручни лица со долгогодишно искуство во овој спорт. Претстојниот период ќе се одржат семинари и за другите спортови.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.