Девојките до 18 години први на развојниот турнир на УЕФА во Естонија

Македонската женска репрезентација до 18 години го освои првото место на развојниот турнир на УЕФА во Талин, Естонија.

Нашата младинска женска селекција предводена од Астрит Мерко забележа две победи, на првиот натпревар против домаќинот Естонија со 3:1 и против Летонија по подобро изведување пенали, откако во регуларниот дел мечот заврши без победник, 1-1.

Јана Чубриновска, Улса Максути и Дервиши Рабиа беа стрелци на головите за Македонија во триумфот против Естонија.

Јана Чубриновска беше стрелец на израмнувачкиот погодок во второто полувреме од пресметката против Летонија. Нашата селекција втората победа ја славеше по подобро изведување пенали, 3:1. Шемсовиќ, Максути и Белистојановска погодија од белата точка за Македонија, а голманката Рочи одбрани три пенали.

Се вчитува...