Девон ван Острум – нов играч на МЗТ Скопје

Раководството на МЗТ Скопје во ’пет до дванаесет’ пред истекот на преодниот рок во регионалната АБА лига одлучи да ги засили своите редови со Девон ван Острум. Станува збор за бек кој настапува за репрезентацијата на Велика Британија.

Острум во таборот на „металците“ ќе се задржи до крајот на тековната сезона во Јадранското натпреварување со опција за продолжување на соработката до крајот на Суперлигата во домашното македонско првенство.

Тој доаѓа од Короивос за кој настапуваше во досегашниот тек на сезоната, а дебито во „сино-белиот дрес ќе го има в недела против Мега лекс.

Се вчитува...