Џеки Чен направи шоу со олимпискиот факел

Вистинска олимписка еуфорија владее во јужнокорејскиот град Пјонгчанг, каде денеска започнуваат 23. Зимски Олимписки Игри. Во пресрет на официјалната церемонија на отворањето на Игрите, факелот го носеа познати личности, а меѓу нив актерот Џеки Чен.

Тој е еден од омилените ликови во Јужна Кореја и доби можност да биде вклучен во официјалната програма при носењето на олимпискиот факел кон стадионот каде што ќе се одржи церемонијата на палење на олимпискиот оган.

Се вчитува...