Џеко донесе триумф за Рома против Калјари

Рома оствари минимална победа (1-0) над Калјари на „Олимпико“ и прокнижи нови три бода во трката за шампионската титула во Серија А. Сега „волчицата“ има 47 бода, еден помалку од лидерот Јувентус, кој има одиграно еден натпревар помалку.

Един Џеко беше стрелец на победничкиот гол за римјаните на оваа средба. Босанскиот интернационалец одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник по центаршутот на Рудигер ја затресе мрежата на гостите.

Во завршницата Рома имаше неколку убави можности и за зголемување на водството, Џеко ја погоди гредата, голманот на гостите Рафаел бранеше одлично, но бодовите сепак останаа во Рим.

Edin Dzeko Goal HD – AS Roma 1-0 Cagliari 22… by PatsaN4ik

Се вчитува...