Џеко одбил мегапонуда од Кина

Босанскиот интернационалец Един Џеко ова лето добил мегапонуда од Кина за да пресели на Далечниот Исток и да заработува многу повеќе отколку во редовите на Рома. Тој имал можност да потпише договор за сума од 14 милиони евра, но, сепак, решил да остане во Италија. За споредба, Џеко во редовите на Рома има заработка од 5 милиони евра по сезона.

Поранешниот напаѓач на Волфсбург и на Манчестер сити игра одлично и оваа сезона во Серија А. Тој на 14 натпревари постигна 10 гола и забележа две асистенции и продолжи во стилот од минатата сезона, кога беше најдобар стрелец со 29 постигнати голови.

Се вчитува...