Џенсон Батон од следната година им се враќа на трките

Џенсон Батон, потврди дека во 2018 година ќе се натпеварува во серијаат Супер ГТ во Јапонија. Британецот има договор со Хонда за целата сезона во најпопуларното јапонско рели.

Шампионот во Формула 1 од 2009 година се повлече од Ф1 на крајот од 2016 и му го отстапи местото во болидот на Мекларен на Штефан Вандорн. Но, Батон остана како резервен возач на Мекларен и во изминатата сезона го замени Алонсо на трката во Монако. Последните години минати во Ф1 беа разочарувачки за поранешниот шампион кој исто како и Фернандо Алонсо не можеше да постигне позабележителни резултати поради лошата форма на тимот и неконкурентните болиди.

Но, како што велчи сега одново има желба да се натпреварува и да влезе во нов предизвик во јапонското рели.

„Тоа ми беше желба изминативе години, затоа што ги обожувам ГТ сериите. Многу сум возбуден за новата сезона. Ми претстојат многу тестови и многу работа, верувам дека ќе бидеме конкурентни во 2018 година“ – изјави Џенсон Батон.

Новата сезона во Супер ГТ почнува на 7 април на патеката „Окајама“.

Се вчитува...