Џенсон Батон: Заврши моето време во Формула 1

Џенсон Батон минатата сезона му го отстапи своето место во Мекларен на Стофл Вандорн, но извозе уште една трка во Формула 1, во Монако, како замена за Фернандо Алонсо. Британецот има натпреварувачки планови и за 2018 година, не во Ф1 туку во јапонското рели Супер ГТ.

Батон вели дека Формула 1 за него веќе е завршена работа и нема трпение одново да се врати на патеката по долгата пауза. Но, затоа трките во Супер ГТ за него се нов предизвик со кој со нетрпение чека да се соочи.

„Оваа година што ја поминав надвор од Формула 1 беше најдоброто нешто што можев да го направам бидејќи ми се врати желбата за натпреварување. Моето време во Ф1 истече, но страста за трките се уште ме држи. Возбуден сум од новиот предиизвик. Во август годинава возев во Супер ГТ и тоа беше неверојатно интересно, со многу престигнувања и навистина ми се допаѓа. Кон крајот на годината шефот на Хонда ме праша дали би сакал да извозам цела сезона, а јас прифатив со задоволство. Во Супер ГТ има сериозна борба меѓу производителите, меѓу талентираните возачи – тоа му треба на спортот. Конкуренцијата ја буди желбата во тебе“ – вели Џенсон Батон.

Се вчитува...