Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Претплата Шестмесечна 500 денари Годишна 1.000 денари Телефон: +389(0)2 60 91 798; +389(0)78 232-712
Дигитален магазин
  • СЕМЕЈСТВОТО БАБУНСКИ

    Македонија се крсти во Давид и во Доријан

  • ТЕМА НА МЕСЕЦОТ

    Во името на парите?

  • ЈОВАНКА РАДИЧЕВИЌ (ЖРК ВАРДАР)

    Сите се плашат од нас...

  • СПОРТ И БРАК

    Ања ги открива тајните на својот сопруг Павел

Ekipa
Ekipa

Џиџи: Заминувам од Вардар!

Џиџи: Заминувам од Вардар!
Шефот на стручниот штаб на Вардар, Никола Илиевски – Џиџи веднаш по вечерашниот пораз од Пелистер си поднесе, како што изјави, неотповиклива оставка од клупата на „црвено-црните“

Шефот на
стручниот штаб на Вардар, Никола Илиевски – Џиџи веднаш по вечерашниот пораз од
Пелистер си поднесе, како што изјави, неотповиклива оставка од клупата на
„црвено-црните“.

 

„Поради
доброто на Вардар заминувам од клубот. Поднесувам оставка, поради слабите игри и
резултати на тимот, но и поради целокупното негативно навивање кон мене од
страна на навивачите. Сакам да го заштитам клубот поради што се повлекувам од
оваа функција“
– изјави Илиевски.

 

Илиевски дополни
дека за време на неговото тренерување се соочувал и со одредени непосакувани
дејствија од страна на неговите претходници во клубот, кои како што рече
’ровареле’ за да го срушат…

 

„Мора да
кажам дека моите претходници во Вардар постојано од самиот старт ’ровареа’
против мене. Но, треба да знаат дека со тоа не ми правеа штета мене, но на
клубот. Затоа што Џиџи не е Вардар. Сега, повторно ќе речам, ете се повлекувам
за доброто на Вардар“.


Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.