Џилардино ја засили Пескара

Искусниот италијански напаѓач, Алберто Џилардино од денеска и официјално е нов фудбалер на калчолигашот Пескара, потврди клубот.

Тој ќе настапува во овој тим до крајот на сезоната, а од раководството на Пескара се надеваат дека неговото искуство ќе биде од големо значење во борбата за опстанок во Серија А. Стратег на Пескара е некогашниот дефанзивец на Милан, Масимо Одо, кој заедно со Џилардино беа дел од шампионската генерација на „росонерите“.

Џилардино последно го носеше дресот на Емполи, за кого настапи на 16 натпревари и постигна само еден погодок во италијанскиот шампионат.

Се вчитува...