Џилардино ќе го спасува Кристал Палас?

Англискиот премиерлигаш Кристал Палас, кој урна неславен рекорд откако ги загуби сите седум натпревари од стартот на сезоната во Премиер – лигата, а притоа нема постигнато ниту еден гол, се обидува да пронајде начин за излез од кризата. Менаџерот Рој Хоџсон сака да добие ново засилување во нападот, со оглед дека Кристијан Бентеке е повреден, а без него на тимот му оди очајно.

Се чини дека ќе успее да изнајде соломонско решение и да го доведе ветеранот Алберто Џилардино, некогашниот италијански репрезентативец кој во моментот е слободен агент. Тој последен пат играше за Пескара, а потоа се обиде да пронајде ангажман во МЛС – лигата. Сепак, пробниот период во Монтреал Импакт не му беше успешен, па се уште е без ангажман. Тоа може да го искористи Кристал Палас и да му понуди краткорочен договор.

Се вчитува...