Џоел Ембид има единствена рутина: Еден хамбургер пред секој натпревар (ВИДЕО)

Младата ѕвезда на Филаделфија севентисиксерс, Џоел Ембид има невообичаена рутина пред секој натпревар, а токму пред вчерашниот против Вашингтон визардс камерите го „фатија“ кошаркарот на дело. Додека физиотерапевтот го подготвуваше, Ембид си уживаше во хамбургер на само 90 минути пред почетокот на средбата.

Иако е познато дека сите клубови имаат ригорозни правила кога се однесува за исхраната на кошаркарите, истото правило за Ембид не важи, а лошата храна очигледно не го спречува да го даде најдоброто од себе на теренот, меѓутоа неговите 25 поени и 10 не беа доволни за Филаделфија да стигне до нова победа.

Се вчитува...