Џон Тери вежба јога со атрактивна инструкторка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Џон Тери вежба јога со атрактивна инструкторка

Џон Тери вежба јога со атрактивна инструкторка

Со 36 години и над 500 натпревари во Премиерлигата, Џон Тери е прилично „истрошен“ и многумина мислеа дека после Челси, тој ќе му каже збогум на фудбалот. Но, Тери остана на теренот, потпиша за Астон Вила и одржува форма вежбајќи јога со атрактивната инструкторка, Амбра Вало.

тери јога 2

А, затоа ти дојде во Астон Вила“ – пишува во еден од коментарите под фотографијата што ја објави Тери на Инстаграм, на која вежба со инструкторката по јога во просториите на клубот.

Амбра Вало е задолжена за дел од подготовките на фудбалерите на Астон Вила. И тоа не е никаков исклучок бидејќи веќе подолго време јогата е еден од клучните делови во подготовките на фудбалерите и на другите спортисти на највисоко ниво. Речиси секој сериозен клуб во својот тренерски тим има инструктор по јога или користи елементи на јога за психофизичките подготовки на своите играчи. Астон вила го следи овој тренд, а Тери и неговите соиграчии ретко пропуштаат добро истегнување со атрактивната Амбра Вало.

тери222

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.