Џонов демантира: Не постои криминал, ова е обид за моја дискредитација

По вчерашната информација од СВР Штип за кривична пријава против претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз на Штип, Димитар Џонов, со свое соопштение се јави самиот Џонов. Неговиот став и објаснување за ситуацијата го пренесуваме во целост:

Со цел вистинито информирање на јавноста и покажување одговорност на секој субјект во рамките на своето делување, би сакал да го посочам следното:

Општинскиот фудбалски Сојуз (ОФС) – ШТИП поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи на Р.М. (МВР) со цел да се разгледа злоупотребата на работењето на поранешниот секретар на ОФС Штип и злоупотребата на користењето на службените печати на ОФС Штип.

Во однос на наводите дека се проневерени парични средства изјавувам дека истото е неточно, сумата која е наведена  е исплатена како награда на фудбалерите за освоено второ место на регионалното натпреварување помеѓу репрезентациите на Општинските фудбалски Сојузи.

Во делот на тоа дека наводно не е извршено примопредавање на новиот ОФС кој сега раководи со регионот, истакнувам дека сите службени лица се намирени, како и неискористените средства на име котизација на клубовите им се вратени за што постои и валидно донесена одлука од страна на Управениот одбор на регионот.

Самите износи (десет илјади и петстотини денари) кои се наведуваат како наводен криминал, за кој одговорно изјавувам дека не постои, упатува само за обид за моја лична дискредитација и нарушување на угледот од страна на определени лица.

Се вчитува...