Џордан Теодор: Чест ми е да сум крај Наумоски, ќе учам колку што можам од него

Џордан Теодор полека, но сигурно се адаптира во македонската кошаркарска репрезентација, откако пред два дена пристигна во нашата држава и му се стави на располагање на селекторот Јорданчо Давитков. Американецот не се наоѓа во топ-форма, но работеше напорно на првите тренинзи во Маврово, пред денеска со остатокот од селекцијата да се врати во Скопје.

Според неговата активност на социјалните мрежи, Теодор е максимално мотивиран да и помогне на Македонија да ја мине оваа прва претквалификациска рунда, а Американецот на почетокот од оваа авантура е највоодушевен од можноста во живо да го запознае Петар Наумоски.

Џордан Теодор преку својот твитер-профил се пофали дека денеска се запознал со првиот човек на МКФ, на кого гледа како на огромна кошаркарска легенда.

Се запознав со Петар Наумоски. Да имаш некој како Петар Наумоски крај себе секојдневно е многу важно за мене. Ќе учам колку што можам од легендата“ – порача Теодор.

Американецот ќе отпатува со остатокот од селекцијата за Словачка, но нема да има преголема минутажа се додека не влезе во топ-форма, за да не се ризикува со евентуална повреда поради недоволната подготвеност.

print screen teodor

Се вчитува...