Џордан Теодор: Со Милано сакам трофеи, не само победи

Натурализираниот Македонец, Џордан Теодор се наметна како лидер на тимот на Олимпија Милано откако пристигна во летниот период. Иако за него оваа сезона е дебитантска во Евролигата, во неколку наврати се покажа во импресивно издание, а 27-годишниот плејмејкер во интервју за „Еурохупс“ вели дека во Милано е дојден во лов на трофеи.

„Јас сум човек кој сака да ужива и да се забавува во тоа што го прави. За време на натпреварите секогаш се обидувам да оставам трага со моите перформанси, да го дадам максимумот за тимот. Иако сум организатор на игра кој знае да погоди, сакам и да подавам топки, да креирам лесни поени да моите соиграчи, но кога на тренерот му треба лидер, јас сум секогаш тука. Овој тим е речиси обновен, нов тренер, нови играчи, а со тоа доаѓа и нов менталитет Пиаџиани има голема доверба во мене, верува во моите способности, тоа е една од причините зошто сум тука. Во мигови кога се одлучува победникот на мечот, сакам да ја имам топката, и тренерот го знае тоа. Во Милано дојдов да освојувам трофеи, не се задоволувам со неколку победи. Всушност, тоа е мојот менталитет, така јас гледам на работите, па како лидер на овој тим сакам и моите соиграчи исто да гледаат на нештата. Јас сум играч кој сака да се поврзе со навивачите. Кога пристигнав тука, приметив дека луѓето не само што ја сакаат кошарката, туку целосно се посветени на поддршката кон тимот. За нас е важно да им покажеме на фановите дека нивната поддршка ни е од големо значење“, истакна Теодор.

Македонскиот репрезентативец во досегашните средби во Евролигата има солиден учинок од 12.3 поени по натпревар, 4.5 асистенции, како и една украдена топка со меч, а најмногу се истакна во победите над шпанските претставници, Барселона и Валенсија со 20, односно 19 поени. По девет кола во европското натпреварување, неговиот тим се наоѓа на 13. место на табелата, со само три победи, додека во италијанското првенство по 8 кола се четвртопласирани, со шест победи и два порази.

https://youtu.be/YhUQP-5e4KA

Се вчитува...