Ди Франческо ќе седне на клупата на Рома

Сегашниот тренер на Сасуоло, Еузебио Ди Франческо, ќе биде именуван за нов шеф на стручниот штаб на Рома, по завршувањето на првенството во Серија А. Тој е поранешен фудбалер на „волчицата“, освои ’скудето’ во 1999 година со Рома, а сега ќе дојде во тренерска улога да се обиде да му го одземе приматот на Јувентус.

Ди Франческо треба да биде промовиран идната седмица, откако ќе заврши италијанскиот шампионат. Рома во последното коло ќе се бори за задржување на второто место на табелата кое води директно во ЛШ, а на домашен терен ќе ја пречека Џенова на Горан Пандев.

Ди Франческо пет сезони е на клупата на Сасуоло и со овој тим бележи многу добри резултати, а Рома ќе треба на неговиот сегашен клуб да му исплати отштета од 5 милиони евра. Актуелниот тренер на Рома, Лучијано Спалети, од идната сезона треба да биде нов тренер на Интер.

Се вчитува...