Ди Марија бил на чекор до Кина пред да ја растури Барса во ЛШ

Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија бил пред трансфер во Кина оваа зима, неколку дена пред да одигра фантастичен меч за ПСЖ против Барселона (4-0) во Лигата на шампионите. Тој постигна два гола против каталонскиот тим и беше предводник на тимот на Унаи Емери во првиот осминафинален дуел што се одигра на „Паркот на принцовите“. А се можело да биде поинаку, затоа што неговиот агент Жорге Мендеп бил на прагот да постигне договор за позајмица на Ди Марија од ПСЖ во Гвангжу Евергранде.

Дури и раководството на ПСЖ се согласило со ваков развој на настаните, но во последен момент трансферот е откажан пред се затоа што Аргентинецот се двоумел околу неговото заминување во Кина. На крајот, излезе џек – пот за Пари Сен Жермен, а несреќа за Барселона.

Се вчитува...