Ди Марија достапен за трансфер – ПСЖ ја одреди цената

ПСЖ состави дрим-тим со ангажманот на Мбапе и на Нејмар, но на челниците на францускиот клуб им е јасно дека мора што поскоро да продадат неколку првотимци за да не го нарушат финансискиот ферплеј, за што би им се заканувало дури и исклучување од Лигата на шампионите.

Еден од оние кои сигурно ќе си заминат е Анхел ди Марија, одличниот Аргентинец кој го загуби првотимскиот статус, но за кој исто така има сериозен интерес од неколку клубови. Директорот Антеро Енрике веќе ги известил екипите дека Ди Марија би можел да се замине од Париз веќе во јануари, одредувајќи ја цената за поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и на Реал Мадрид.

Како што јавуваат француските медиуми, Ди Марија ќе може да си замине за сума од 75 милиони евра, понуда што е превисока за Барселона, но останува да се види какви понуди ќе пристигнат од Интер и од Челси, тимови што исто така искажаа интерес за аргентинскиот ас. За Ди Марија се интересираат и неколку екипи од Кина, но Аргентинецот барем засега инсистира на останување во Европа.

Се вчитува...