Дибала: Не сум како Дел Пјеро, но сакам да станам симбол на Јуве

Аргентинецот Пауло Дибала се согласи да потпише нов договор со Јувентус, а од идната сезона би можел да го добие и дресот со број „10“ на италијанскиот првак. Тоа веднаш асоцира на споредби со легендарниот Алесандро Дел Пјеро. Сепак, Дибала смета дека треба да оствари многу во кариерата за да може да се прават такви споредби.

„Многу работи мене ни недостигаат за да бидам како Дел Пјеро. Не ни помислувам да се споредувам со него. Но, ќе сторам се за да ја оправдам довербата на клубот и кознае, можеби еден ден ќе станам симбол во Торино“, изјави Дибала.

Сепак, смета дека „десетката“ на Дел Пјеро има огромна тежина.

„Што му недостига на бројот „21“. Тоа е исто така многу важен број. Знам дека сите зборуваат за „десетката“ на Дел Пјеро. Но, таа е многу тешка за носење. Има огромна тежина“, истакна Аргентинецот.

Пауло Дибала дојде во Јувентус од редовите на Палермо во 2015 година за сума од 40 милиони евра.

Се вчитува...