Дибала останува во Јувентус до 2021?

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала се договорил со Јувентус за продолжување на соработката до јуни 2021 година, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на Дибала важи до 2020 година, но според извори од Јувентус, новиот договор со Аргентинецот веќе е подготвен. Медиумите информираат дека договорот е постигнат уште пред неколку недели, но дека Јувентус наводно чека вистински момент за да ја објави информацијата. Со новиот договор Дибала ќе заработува по седум милиони евра годишно.

Пауло Дибала во Јувентус дојде во 2015 година од Палермо за сума од 33,7 милиони евра. Сезонава тој одигра 36 натпревари на кои запиша 16 гола и осум асистенции.

Аргентинецот повторно е во центарот на вниманието на фудбалската јавност по двата гола што ги постигна против Барселона во триумфот на Јувентус со 3-0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...