Дибиров го предводи тимот на колото во ЛШ

Тимур Дибиров одигра фантастичен меч за Вардар против Пик Сегед, постигнувајќи дури 11 погодоци од дванаесет обиди, надмудрувајќи ги голманите на унгарскиот вицепрвак.

Сосема оправданоо, ова извонредно издание му донесе на левото крило на „црвено-црните“ и место во идеалниот тим за 12. коло од Лигата на шампионите. Со ваква форма на Дибиров, „вардарци“ чекорат сигурно кон директен пласман во четвртфиналето, во обидот да станат прва екипа по подолго време што успеала две години по ред да стигне до пехарот во Лигата на шампионите.

 

ДРИМ-ТИМ НА 12. КОЛО ОД ЛШ

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар)

ЛЕВ БЕК: Момир Илиќ (Веспрем)

СРЕДЕН БЕК: Раул Ентрериос (Барселона)

ДЕСЕН БЕК: Албин Лагергрен (Кристијанштад)

ДЕСНО КРИЛО: Никлас Екберг (Кил)

ПИВОТ: Игор Аниќ (Целје)

ГОЛМАН: Родриго Коралес (ПСЖ)

Се вчитува...