Дибиров го „скрши“ Гонзало – гол број 5 во ЛШ (видео)

Вардар го претрпе првиот пораз во ЛШ сезонава, но одличната игра на гостувањето против Барселона придонесе „црвено-црните“ да се најдат на барем една од топ-листите на ЕХФ ТВ за ова коло од елитното европско натпреварување.

Тимур Дибиров со својата мајсторија во надмудрувањето со Гонзало Перез де Варгас стигна до петтата позиција на листата најубави голови, на која првопласиран е Шоштариќ од Пик Сегед со извонрдниот цепелин на гостувањето против Рајн Некар Левен.

Топ 5 листата со најубави погодоци во 11. коло од ЛШ можете да ја погледнете на следниот линк .

Се вчитува...