Дибиров: Ќе биде добро, нема потреба за загриженост

Со 11 погодоци од 12 обиди, Тимур Дибиров го предводеше Вардар во исклучително важната победа против ПИК Сегед со која „црвено-црните“ се зацврстуваат на лидерската позиција и на две кола пред крај се на чекор до четвртфиналето во Лигата на шампионите. Дибиров по натпреварот упати многу пофалби за унгарскиот противник, но и за играта на Вардар кој според рускиот репрезентативец, сигурно чекори кон завршницата во ЛШ.

ПИК Сегед игра многу добар ракомет и не се на позицијата на која заслужуваат да бидат. Ние сме среќни за победата бидејќи надигравме добар тим каков што е ПИК Сегед. Се уште ја бараме играта од првата полусезона, но тоа се враќа со тренинзите. Верувам дека ќе успееме навреме да се вратиме во тој ритам, нема потреба од загриженост. ПИК Сегед е тим кој може секого да победи, така што ова беше успешен тест за нас. Очекувам и понатаму да играме добро и квалитетно“ – истакна Тимур Дибиров по триумфот на Вардар против ПИК Сегед.

Се вчитува...