Дибирова: Горда сум на мојот тим, имавме тешка сезона

Еден гол го делеше Вардар од шампионската титула во големото финале  против Ѓер на Ф4 турнирот во Будимпешта. Се бореа вардарки лавовски, се изборија за продолженија, но на крајот Ѓер со еден гол повеќе заврши на европскиот подим. Вчерашната радост по пласманот во финалето, денеска беше заменета со солза и разочараност во „црвено-црниот“ табор. Тренерот Ирина Дибирова по финалето истакна дека е горда на својот тим за она што го прикажа на овој

Атмосферата беше одлична, им честитам на Ѓер за победата, но сакам да им заблагодарам и на моите ракометарки. Горда сум на мојот тим затопа што одигра одлична сезона. Не е лесно за тимот кога три пати во сезоната ќе се смени тренерот. Навивачите беа одлични и им благодарам за нивната поддршка што ни ја дадоа“ – рече по натпреварот Ирина Дибирова

Се вчитува...