Дибирова: Митјиланд ќе сака одмазда, наше е да не дозволиме…

Ирина Дибирова поради приватни причини не го водеше Вардар на гостувањето против Митјиланд, но Русинката се враќа на клупата на македонскиот првак за саботниот реванш против истиот ривал. „Вардарки“ имаат предност од два гола од првиот меч, но Дибирова им порача на своите ракометарки дека никако не смее да дојде до опуштање на реваншот во СЦ „Јане Сандански“.

На два дена пред натпреварот можам да кажам дека сме добро подготвени, сите ракометарки се наоѓаат во добра форма. Пред нас е тежок меч, Митјиланд е силна екипа што ќе сака одмазда за поразот во Данска. Наше е да не дозволиме такво нешто, можам да најавам дека ќе сториме се за да победиме и со добра игра пред нашите навивачи да го обезбедиме билетот за Ф4“, изјави Дибирова на денешната прес-конференција.

Претседателката на клубот, Гордана Нацева, исто така порача дека очекува максимално сериозен настап од „црвено-црните“ на мечот во Скопје, закажан за сабота со почеток во 17.30 часот.

Со максимално сериозен пристап треба да ја повториме играта од првото полувреме во Данска, зошто да не и да бидеме уште подобро. Се надевам дека в сабота во една празнична атмосфера ќе стигнеме до нова победа и ќе се дружиме во Будимпешта“ – истакна Нацева.

Се вчитува...