Дибирова: Ништо не можеше да не изненади во ова полуфинале

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Вардар во голем стил со супериорна победа против сега веќе поранешниот  европски шампион, ЧСМ Букурешт стигна до долгопосакуваното финале во ЛШ. Искуството, добрата подготвеност и беспрекорност на терен, на вардарки им донесе голема победа. Ирина Дибирова задоволна од победата и пласманот во финалето, ја истакна токму сигурната игра на стартот како клучен момент за оваа победа против ЧСМ Букурешт.

На овој натпревар противникот не можеше со ништо да не изненади. Бевме добро подготвени за овој натпревар. Направивме добра анализа и заслужено победивме. Во првите десет минути направивме одлична разлика и тука го решивме натпреварот. Сега малку ќе славиме, а потоа ќе се подготвиме за утрешното финале со Ѓер“ – рече Ирина Дибирова.

Доколку Вардар утре стигне до првата шамнпионска титула, Ирина Дибирова Ќе влезе во историјата како прва која освоила титула во ЛШ како играч и како тренер, нешто што во машкиот ракомет досега го има постигнато само талант Душебаев.

Се вчитува...