Дибирова: Сакаме да стигнеме до европскиот трон - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/09/2017 17:32
Фудбал
20/09/2017 15:30
Ракомет
20/09/2017 13:46
Кошарка
19/09/2017 18:29

Дибирова: Сакаме да стигнеме до европскиот трон

Дибирова: Сакаме да стигнеме до европскиот трон

Женскиот тим на Вардар стартуваше со летните подготовки, а амбициите се јасни – да ги следи стапките на машкиот тим и да се искачи на кровот на Европа. Минатата година не успеа за малку, беше многу блиску, но не успеа да стигне до европското злато во Лигата на шампионите. Екипата деновиве ќе ги изврши потребните лекарски прегледи, ќе се тренира во Скопје а потоа се заминува на Златибор.

Нови ракометарки сезонава во екипата се Драгана Цвијиќ, Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска, Теа Керамичиева и Полена Кизнецова. Тренерот Ирина Дибирова најавува напорни подготовки, а желбата е да се стигне до европскиот трон.

„Најважно е да тренираме добро. Имаме доста време додека почне лигата на шампионите. Ќе се обидеме да најдеме и доволно противници за да ја одржуваме формата. Верувам дека и новите ракометарки брзо ќе се вклопат во нашиот систем. Ако се договори повторно да се игра Регионалната лига ќе биде уште подобро. Сакаме да стигнеме до европскиот трон, но сега сме фокусирани на нашата подготовка. Задоволна сум што сите играчи и летниот период го искористиле за тренирање, па ќе биде полесно за сите“, вели Ирина Дибирова, тренерот на Вардар, за официјалниот сајт на клубот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.