Дигитализација и на сликички: ФИФА објави онлајн албум за СП 2018

Ниту собирањето на самолепливи сликички на остана имуно на ерата на дигитализација, па така ФИФА на својата официјалната веб-страница го промовираше својот „ОНЛАЈН ПАНИНИ АЛБУМ“, што може да се пополнува од денеска па се до 31 август.

Се што е потребно е да отворите профил, да се логирате и да почнете со пополнувањето на албумот. Секој ден на располагање ќе ви бидат две „бесплатни ќесички“, а доколку сакате повеќе сликички, ќе можете да дојдете до нив преку купување на дигитални кодови.

Како и во „реалниот живот“, дупликатите ќе можат да се менуваат.

Полнењето на дигиталниот албум за СП 2018 може да почне…

Се вчитува...