Дијамантидис има нова љубов – одбојка на песок (ВИДЕО)

Еден од најдобрите европски кошаркари во последните две децении, легендата на Панатинаикос, Димитрис Дијамантидис, си пронајде нова спортска љубов. Откако ја заврши кошаркарската кариера, тој сепак остана активен и сега игра одбојка на песок.

„Одбојката на песок ми се допадна на прв поглед, од првиот момент кога заиграв. Пријателите ме наговорија да пробам, се одушевив и почнав да играм активно“, вели Димитрис Дијамантидис.

Се вчитува...