Диме Тасовски потпиша за Гостивар!

Гостивар ја потврдува амбициозноста за новата сезона откако новиот прволигаш успешно ги финишираше преговорите со Диме Тасовски.

Ветеранот, кој е дел од македонскиот национален тим, реши да го напушти Работнички, избирајќи го токму Гостивар како своја следна дестинација. Во ситуација кога гостиварци акцент ќе стават на млади домашни играчи, јасно е дека искуството на Тасовски ќе биде драгоцено за тимот предводен од Марјан Србиновски.

Само за потсетување, Гостивар претходно ги договори Ивица Димчевски, младинските репрезентативци Робев и Зекири, а беше договорено и продолжување на соработката со Виктор Серагимовски, Ренато и Роберт Димитриески, кои беа дел од ланскиот тим.

Се вчитува...