Димитријевиќ одличен против Барса, Хувентуд немаше сили за чудо

Хувентуд загуби на каталонското дерби против Барселона со 91-79, но за нас најзначаен е одличниот настап што Ненад Димитријевиќ го имаше во дресот на поразената екипа.

Имено, македонскиот плејмејкер одигра беспрекорно за 14-те минути што ги мина на теренот, притоа реализирајќи 11 поени со само едно промашување (5/6 за два поени, 1/1 од линијата за слободни фрлања).

Димитријевиќ од натпревар во натпревар игра се подобро и сигурно ќе биде значаен адут на македонската репрезентација во финишот од првата претквалификациска рунда за ЕП 2021.

Се вчитува...