Димитров подобар од Нишикори го освои турнирот во Бризбејн

Бугарскиот тенисер Григор Димитров е победник на АТП турнирот кој се играше во Бризбејн.

Димитров во финалната пресметка на турнирот славеше против Јапонецот Кеи Нишикори во три сета, победувајќи со 6-2,2-6,6-3.

Бугаринот за еден час и 50 минути игра му дозволи на Јапонецот да освои еден сет, но сепак беше повеќе од концентриран во третиот сет за конечен триумф.

Се вчитува...