Динамо Загреб против формирање на Регионална фудбалска лига - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 23:11
Фудбал
23/06/2017 22:38
Фудбал
23/06/2017 22:44
Ракомет
23/06/2017 21:27

Динамо Загреб против формирање на Регионална фудбалска лига

Динамо Загреб против формирање на Регионална фудбалска лига

Идејата да се формира Регионална фудбалска лига по примерот на ракометната (СЕХА) и кошаркарската (АБА) во изминативе неколку дена се интензивира. Клубовите од земјите на просторот на поранешна Југославија имаат поделени ставови околу формирање на лигата, во сениорски категории, а Динамо Загреб прв излезе со јасен став дека такво првенство нема да му биде приоритет на клубот во ниеден размер.

„Можеме само начелно да кажеме дека на ГНК Загреб прироритет му е хрватската лига, а регионалната, особено во овој формат кој се споменува во медиумите од регионот односно само со клубови од просторот на поранешна Југославија, едноставно не нè интересира“ – порачаа од раководството на актуелниот и најтрофејниот првак на Хрватска.

Втор клуб кој се споменува како учесник во оваа (сè уште неоформена) лига е Хајдук кој одби да ги коментира сите случувања со оглед на тоа дека нема добиено официјална покана.

„Хајдук може да го произнесе својот став дури кога ќе добие официјални информации. До овој момент сè што знаеме е тоа што го читаме во медиумите. Никој не нè контактираше во врска со регионалното натпреварување ниту пак Хрватскиот фудбалски сојуз нè извести околу евентуално формирање“ – порачаа од сплитскиот клуб.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.