Дирк Новицки – шести кошаркар со 31.000 поени во НБА

Кошаркарот на Далас маверикс, Дирк Новицки, на средбата против Оклахома тандерс која се одигра во текот на ноќта, се запиша како шестиот играч во историјата на НБА кој постигнал 31.000 поени. Шампионот од 2011 година јубилејниот поен го постигна во својот претпознатлив стил, со чекор наназад и шут преку раката на противникот.

Искусниот Германец со постигнувањето на историскиот поен влезе во специјалниот „клуб“ во кој се и Карим Абдул Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Вилт Чембрлен, а сега има вкупно 31.005 поени.

Во пресметката против „громовите“ Новицки постигна 12 поени, при тоа додаде и четири асистенции и пет скока, но не беше доволно за Далас да избегне пораз во продолжението, 111-110.

Се вчитува...