Дирк Новицки уште две години во Далас

Германскиот ветеран Дирк Новицки го продолжи договорот со Далас на уште две сезони.

Откако Далас очекувано одби да ја активира опцијата за едногодишно продолжување на договорот вредно 25 милиони долари, Германецот договори нешто поскромен договор со клубот. 39-годишниот кошаркар во следните две години ќе заработи десет милиони долари.

Следната сезона за Дирк Новицки ќе биде дваесетта во НБА кариерата. Моментално е четврти најстар играч во НБА лигата, а пред него се Винс Картер, Ману Џинобили и Џејсон Тери.

Новицки минатата сезона имаше проблеми со повредата поради која пропушти 28 натпревари. Просечно постигнуваше 14,2 поени, дополнети и со 6,6 скока и 1,5 асистенција во просек.

Се вчитува...