Дивац потврди: Богдановиќ доаѓа во Сакраменто

Богдан Богдановиќ и сезонава е еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, но српскиот ас летово и дефинитивно ќе го напушти Фенербахче и кариерата ќе ја продолжи во НБА-лигата. Тоа го потврди и неговиот сонародник Владе Дивац, кој како потпретседател на Сакраменто кингс веќе ги договори сите детали од преселбата на соиграчот на Перо Антиќ на „другата страна од Атлантикот“.

Дивац беше критикуван од американската јавност поради одлуката да го трејдува искусниот Мет Барнс, но поранешниот центар објасни дека тоа го сторил со единствена цел – да создаде простор во тимот за Богдановиќ.

Барнс веќе не е со нас, но добра работа е што имаме одлични шутери, воедно и добри замени. Од другата сезона во тимот ќе го имаме и Богдановиќ, нормално беше да отвориме простор за него“ – изјави Дивац.

Сакраменто ги доби правата врз Богдановиќ по размената што ја имаше со Феникс санс, тимот што во 2014 година го избра Србинот како 27. пик на драфтот.

Се вчитува...