До кое ниво го доведоа Пелистер: Тренерот Ристевски преку фејсбук моли за спас на клубот!

Нови тажни денови за една од најголемите македонски фудбалски икони, битолски Пелистер кој се соочува со тотално распаѓање, банкрот и во крајна дистанца исфрлање во најнизок ранг на натпреварување.

Вистинските вљубеници во битолскиот фудбал и Пелистер минуваат нов тежок период откако по само една година од преземањето на компаниите ЗК Пелагонија, Орка Холдинг, Пелистерка и Жито Битола како негови најголеми акционери (со 75% сопственост), и ветувањата за европски Пелистер кој ќе трае, сега се тотално незаинтересирани за функционирањето на клубот, за статусот на стручниот штаб и фудбалерите пред кои е огромна неизвесност. Сето тоа доведе до максимално хаотична состојба во клубот!

Токму поради тоа тимот веќе го напуштија бројни фудбалери, најпрво интернационалеците Лукас, Фернандо, Ковачев, но и најдобрите фудбалери Илијоски, Тошевски, Попзлатанов, Јовановски, Пеев, Петров, Цветаноски, Драгарски… Нејасно е со каков тим Пелистер би се натпреварувал во пролетниот дел од сезоната, и ако остане актуелната ситуација и дали воопшто ќе се натпреварува.

Долго опстојуваат шпекулациите дека мнозинските акционери веќе испратиле допис до Општина Битола дека се повлекуваат од ФК Пелистер, но околу тоа се уште нема официјална потврда. Затоа сите надежи на искрените љубители на фудбалот се насочени само кон локалните власти…

fb molbaДо каде стигна очајот на Пелистер потврда е и начинот на кој актуелниот тренер Спасе Ристевски преку фејсбук го моли претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски за спас на клубот.

„Валентин! Сторете нешто за клубот, додека е време“ – пишува Ристевски кој останува еден од најлојалните на клубот, искрено да се бори до последно „пелистерци“ во пролетниот дел како така барем регуларно да ја завршат прволигашката сезона!


Се вчитува...