Добар сеир од „Сантијаго Бернабеу“ за Пике… (видео)

По синоќешниот триумф од 2-0, Реал Мадрид доминантно со вкупни 5-1 славеше против Барселона во Суперкупот на Шпанија.

Па, навивачите на Реал не можеа да ја пропуштат шансата за добар сеир, посебно кога е во прашање стоперот на Барселона, Жерард Пике. Барселона веќе губеше со 2-0 кога Пике во 50. минута излезе од игра. Додека го напушташе теренот преполниот „Сантијаго Бернабеу“ успеа да го„ боцне“ со скандирања: „Останува, останува…“.

Сето тоа се однесуваше на постот на Пике на Твитер кога Шпанецот се одлучи да ги смири гласините за заминувањето на Нејмар во ПСЖ, поставувајќи фотографија на која се заедно и со напис: „Тој останува“. Но, како што на сите им е познато, Нејмар не остана, туку замина во ПСЖ за неверојатен трансфер вреден 222 милиони евра.

Bernabeu 'bocnuo' Piquea by goloviliga

Колку за потсетување, Пике подоцна призна дека и самиот знаел дека Нејмар заминува, но со својот Твит сакал да се обиде да го наговори Бразилецот да остане.

Се вчитува...